Достапни линкови

Црногорската влада ќе го подржи маршот на хомосексуалците


Илустрација: од маршот во Србија

Илустрација: од маршот во Србија

Владата во Црна Гора ќе ја подржи првата геј парада во земјата, која ќе се одржи на 31 Мај. Вицепремиерот Душко Маркович изјави дека власта ќе обезбеди целосна институционална подршка за организаторите на маршот, со што, според него, ќе се демонстрира „посветеноста на Европските вредности за толеранцикја, еднаквост и социјална инклузија“. Противниците на настанот се заложија дека ќе го растурат маршот и се закануваат со насилство. Парадата се смета за тест на подготвеноста на Црна Гора за подршка на човековите права на патот кон Европската унија.
XS
SM
MD
LG