Достапни линкови

ЕУ расположена за проширување, балканските земји треба повеќе да работат


Баросо за време на посетата во Македонија

Баросо за време на посетата во Македонија

Европската унија е расположена за проширување, но државите од Балканот се уште треба многу да одработат како би го добиле билетот за влез во ЕУ. Ова е заклучокот од дводневната средба во Брсиел на европските пратеници со нивните колеги од националните парламенти на земјите од Западен Балкан, насловена „Западен Балкан - кон интегрирана Европа“. Демократско функционирање на институциите, независно судство, почитување на основните права на малцинствата, привлекување на странски инвестиции, транспарентна јавна администација - се препораките, кои председателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо ги упати до сите земји кандидати за влез во Европската унија. „Тоа е базата за политички и економски развој. Земјите од западниот Балкан мора да продолжат да ги спроведуваат реформате со забрзан ритам, доколку имаат за цел да ги користат средствата од европските фондови“ дополни Баросо.
XS
SM
MD
LG