Достапни линкови

Уште двајца уапсени за бомбашкиот напад во белоруското метро


снимка од безбедносните камери пред експлозијата - првоосомничениот на видео запис

снимка од безбедносните камери пред експлозијата - првоосомничениот на видео запис

Белоруските власти потврдија дека уште двајца се уапсени во врска со бомбардирањето на метрото во Минск. Со тоа, пет лица се зад решетки соочени со обвиненија за бомбардирањето во кое загинаа 12 лица а повеќе од 200 беа повредени. Главен осомничен за случајот е 20 годишен маж за кого се смета дека ја поставил импровизираната експлозивна направа на метро станицата во близина на претседателската резиденција. Заменик јавниот обвинител Андреи Швед изјави дека двајцата осомничени уапсени денеска се под 30 годишна возраст.
XS
SM
MD
LG