Достапни линкови

Јапонскиот император во посета на засолништа


Императорот Акихито

Императорот Акихито

Императорот на Јапонија денеска прв пат ги посети регионите во земјата погодени од катастрофалниот земјотрес, кој минатиот месец предизвика цунами бранови. Императорот Акихито посети две засолништа во градот Асахи, во близина на крајбрежјето. Околу 140,000 лица останаа без покрив над глава по природната катастрофа во која настрадаа 28,000 луѓе. Цунами брановите ја оштетија и нуклеарната централа во Фукушима. Жителите околу објектот се евакуираат поради раст на радиоактивното зрачење.
XS
SM
MD
LG