Достапни линкови

Меѓународен механизам за примирје во Либија


Арапската лига денеска ќе се сретне со светските лидери во обид да се најде решение за Либија. Состанокот ќе го координира генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун и секретарот на Арапската лига Амр Муса. На средбата ќе присуствуваат и шефот за надворешни работи на Европската унија Кетрин Ештон, претседателот на Африканската унија Жан Пинг и првиот човек на Организацијата на исламски заедници Екмеледин Ишаноглу. Тема на разговор, како што соопшти претставник на Африканската унија, ќе биде „имплементација на меѓународен механизам за примирје“. Денешниот состанок се случува еден ден по середбата на Меѓунароидната контакт група во Катар, каде беше договорено доделување на финансиска помош за бунтовниците во северноафриканската земја.
XS
SM
MD
LG