Достапни линкови

Епидемија на мали сипаници: 703 лица пројавиле симптоми


Во Македонија до вчера се регистрирани вкупно 703 заболени или сомнителни случаи на мали сипаници, соопшти Министерството за здравство. Во текот на вчерашниот ден имало 20 нови пријави. Од нив 14 се во Скопје, три во Велес и по еден случај во Тетово, Штип и Пробиштип. Најголем број од заболените се деца од една до четири години, како и возрасната група над 30 години. Од вкупниот број заболени - 10 случаи се од машки, а 10 од женски пол. Карактеристично е дека 17 лица (85%) од новопријавените случаи биле невакцинирани. Останатите лица се со непознат вакцинален статус, или само со една примена вакцина. Во текот на вчерашниот ден, во Скопје биле вакцинирани 300 лица, од кои 100 како дел од редовна вакцинација, а 200 во рамки на вонредната вакцинација. Во другите градови биле вакцинирани над 200 лица, но прибирањето на податоци од градовите е се уште во тек. Новопријавени случаи на заболени од морбили има од центрите за јавно здравје од Штип, Пробиштип, Кавадарци и Кочани.
XS
SM
MD
LG