Достапни линкови

Решение за политичката криза


Партиите се согласуваат за потребата од избори. Според експертите, уште пред почетокот на кампањата забележлива е тензична атмосфера.

За претставниците на владејачките партии, изборите се единственото решение за надминување на политичката криза во земјата. За владејачката ВМРО-ДПМНЕ тие се најдобриот начин да се избегне продлабочување на
Овие избори се единствено решение за во иднина опозицијата да нема алиби, да не може да си дозволи вакво нешто, едноставно, ставање во заложништво на целата држава.
како што посочуваат вештачки наметнатата криза.

„Оваа ситуација, овие избори се единствено решение за во иднина опозицијата да нема алиби, да не може да си дозволи вакво нешто, едноставно, ставање во заложништво на целата држава“, вели Анета Кипаризовска од ВМРО-ДПМНЕ.

Во Демократската унија за интеграции, пак, велат дека натамошниот развој на настаните ќе зависи од пристапот и одлуките на идните парламентарни групи.

„Сите политички субјекти кои имаат парламентарни групи се одговорни за работата на Собранието и создавањето на политичкиот амбиент“, вели Рафиз
Сите политички субјекти кои имаат парламентарни групи се одговорни за работата на Собранието за политичкиот
амбиент.
Алити од ДУИ.

Став на опозициската Нова демократија е дека изборите се неопходност за надминување на, како што велат, политиката на назадување што ја практикува актуеланата власт. Каква ќе биде иднината на народот, зависи од волјата на гласачите, вели портпаролот на Нова демократија, Аријанит Хоџа.

„Сега целата власт е на граѓаните и тие пред да гласаат треба добро да размислат кому ќе му дадат власт.“
Граѓаните, пред да гласаат, треба добро да размислат кому ќе му дадат власт.

По 20 години независност, време е да престанеме да ги гледаме изборите како тест за демократијата, велат политичките аналитичари. Но, уште на самиот старт од кампањата, забележителна е тензичната атмосфера, што пак може да предизвика уривање на демократските принципи во едно општество, предупредува политикологот Здравко Савески.

„Сите се некако настрвени на рушење на демократските принципи на меѓусебна толеранција кон политичкиот противник. Тоа на долг рок може да има последици врз демократијата и секој треба да ја сноси одговорноста.“
Сите се некако настрвени на рушење на демократските принципи на меѓусебна толеранција кон политичкиот противник. Тоа на долг рок може да има последици врз демократијата.

За граѓаните, пак, не постојат добри и лоши политичари. Сите се исти, констатираат повеќето граѓани што ги анкетиравме во рубриката Хајд парк на нашата интернет страница.

„Кој и да е, сите лажат сите крадат.“

Анкетираните велат дека праксата покажала оти сите партии ветуваат во предизборието, а по изборите работат само за своите интереси. Отворено признаваат дека не им веруваат на политичките лидери и дека во иднина очекуваат повеќе сиромаштија отколку подобро утре.

Што очекувате од политичарите? Кое ветување да ви го исполнат? Колку до сега ги исполнувале ветувањата, дадени во предизборието? Погледнете ја анкетата и коментирајте.

Хајд Парк - Ветувања пред избори
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:33 0:00
Директен линк
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG