Достапни линкови

logo-print

Во Берлин министерски состанок на НАТО за конфликтот во Либија


Улогата на НАТО во конфликтот во Либија е главна тема на дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на 28-те земји членки на НАТО во Берлин. Министрите ќе расправаат за тоа што треба да направи НАТО за запирање на конфликтот меѓу силите лојални на Моамер Гадафи и бунтовниците кои се обидуваат да го отстранат од власта. Досегашните воздушни напади на Алијансата не ги запреа силите на Гадафи во офанзивата против бунтовниците, па Франција и Велика Британија бараат поголемо учество од другите членки на АЛијансата. Германија и Турција се против интервенцијата во либијскиот конфликт.
XS
SM
MD
LG