Достапни линкови

Собранието на Македонија треба да се распушти


Собранието на Република Македонија денеска треба да се само распушти по предлог на собранискиот спикер Трајко Вељаноски. Распуштањето на Парламентот е овозможено по изборот на Борис Кондарко за претседател на Државната изборна комисија и со изгласувањето на измените на Изборниот законик.
Претседателот на Собранието Вељаноски упати апел до сите парламентарни партии да дојдат на денешната последна седница на актуелниот пратенички состав.
Според Уставот, Собранието се распушта ако за тоа се изјасни мнозинството од 120 те пратеници. Вељаноски најави дека по распуштањето на Собранието, утре ќе ги распише предвремените парламентарни избори што треба да се одржат на 5 јуни. Изборниот законик предвидува избори да се одржат во рок од 60 дена по распуштањето на Парламентот.
XS
SM
MD
LG