Достапни линкови

logo-print

Петров на состанок во Берлин за Авганистан


Заменик министер за надворешни работи Зоран Петров

Заменик министер за надворешни работи Зоран Петров

Македонскиот заменик министер за надворешни работи Зоран Петров денеска во Берлин ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на членките на НАТО и земјите кои учествуваат во мисијата ИСАФ во Авганистан. Според МНР на средбата ќе стане збор за актуелните состојби во Авганистан и претстојните активности во рамки на мисијата ИСАФ, со акцент врз спроведувањето на процесот на транзиција, како што е предавањето на надлежностите и одговорноста за безбедносната состојба во земјата на авганистанските власти.
XS
SM
MD
LG