Достапни линкови

„Наша Македонија“ како решение за спорот со Грција, предлага Кацин


Јелко Кацин

Јелко Кацин

Европратеникот Јелко Кацин денеска на конференцијата за Западен Балкан што ја организираа Европскиот парламент и Унгарското претседателство со ЕУ повика што поитно да се реши прашањето за името на Република Македонија. Како што соопшти неговата канцеларијата, Кацин, кој е потпретседател на делегацијата на Европскиот парламент за Југоисточна Европа, истакнал дека спорот за името ја кочи евроинтеграцијата на Македонија шест години и дека е потребно да се промени пристапот во преговорите за компромисно решение, за да се прекине долготрајната блокада. Тој предложил алтернативно решение со името „Наша Македонија“.

„Денеска сакам да бидам провокативен. Сакам да ги натераме двете страни да го променат своето гледиште на проблемот. Од ова место денеска предлагам Скопје и Атина да го разгледаат алтернативниот предлог на името’Наша Македонија‘. Зошто ’Наша Македонија‘? Во околината има три региони што го носат името Македонија. ’Наша Македонија‘ по дефиниција негира какви било територијални аспирации на денешната ПЈРМ кон тие региони. Со тоа име сите би можеле да живеат“, рече Кацин на конференцијата.
XS
SM
MD
LG