Достапни линкови

logo-print

Нова рунда преговори меѓу Приштина и Белград во петок


Борко Стефановиќ и Едита Тахири

Борко Стефановиќ и Едита Тахири

Третиот круг од директните преговори меѓу Белград и Приштина ќе се одржи во петок, на 15 април, во Брисел, изјави на прес-конференција шефот на српската делегација Борко Стефановиќ, кој е политички директор во српското Министерство за надворешни работи. Делегациите нема да разговараат за нови проблеми, туку ќе продолжат да ги разгледуваат претходно поставените теми - за катастерот, електричната енергија, телекомуникациите. „Уште сме далеку од решавање на последните два проблема“ рече Стефановиќ. Шефот на косовската делегација Едита Тахири од своја страна објасни дека не очекува постигнување на некаков конкретен договор за време на претстојната средба.
XS
SM
MD
LG