Достапни линкови

Во судот во Косовска Митровица ќе работат само судии и обвинители од ЕУЛЕКС


Заменик-раководителот на мисијата на ЕУ во Косово ЕУЛЕКС Анди Спаркс, изјави денеска дека во наредните неколку дена меѓународните судии и обвинители ќе се вратат во реновираната зграда на судот во северниот дел на Косовска Митровица. Спаркс рече дека на таа етапа нема да дојде до враќање на локалните судии и обвинители во судот. Тој дополни дека персоналот на ЕУЛЕКС ќе се врати во зградата и ќе ја продолжи дејноста со некои локални службеници, кои ќе помагаат за извршување на административната работа. Спаркс истакна дека враќањето на локалните судии и обвинители во судот е чувствително прашање. Тој изрази надеж дека во процесот на дијалог, кој се води во моментот, тоа прашање ќе биде решено.
XS
SM
MD
LG