Достапни линкови

„Фени“ во борба за пехар во Балканската лига


Илустрација: Кошарка
Илустрација: Кошарка

Македонскиот шампион „Фени Индустри“, заедно со црногорскиот Морнар и бугарските Левски и Рилски спортист, ќе се бори за пехарот во Балканската лига.

Кошаркарскиот клуб Фени Индустри се наоѓа пред најголемиот успех во својата историја. Македонскиот шампион, заедно со црногорскиот Морнар и победниците од претходните две сезони, бугарските Левски и Рилски спортист, од 15 до 17 април, ќе се бори за пехарот во Балканската лига. Евентуалниот успех во таа борба ќе значи и прв триумф на наша
Две години по ред учествуваме, ова ќе биде трета. Две години испаѓаме во полуфиналето, значи оваа година би било пред се успех да се пласираме во финалето бидејќи Морнар е добра екипа.
екипа во некое меѓународно натпреварување, а шансите на најдобриот македонски клуб последниве три години, ги зголемува фактот што Фајнал - фор турнирот ќе се одигра во неговата сала. Токму поради тоа, за многумина кавадарчани се најблиску до вредниот пехар. Сепак, тие, во моментов не сакаат да се оптоваруваат со него, а тренерот Емил Рајковиќ мисли само на петочниот полуфинален дуел со Морнар.

„Две години по ред учествуваме, ова ќе биде трета. Две години испаѓаме во полуфиналето, значи оваа година би било пред се успех да се пласираме во финалето бидејќи Морнар е добра екипа.“


Со мислењето на Рајковиќ се согласува и капитенот Горан Самарџиев. И тој е свесен дека клубот кој во групната фаза го совлада Фени во Кавадарци, не смее да биде потценет. Особено не во ситуација кога за домашната јавност се освен настап во финалето ќе биде неуспех. Тоа носи дополнителен притисок, кој според капитенот, нема негативно да влијае на нивната игра во салата „Јасмин“.

„Нашата екипа е доста искусна со репрезентативци во своите редови го има потребното искуство за да не подлегнеме на тој притисок пред се пред нашата публика. Подржани од нашата публика и јавноста во Македонија мислам дека нема да подлегнеме и ќе ја добиеме битката со Морнар.“
Подржани од нашата публика и јавноста во Македонија мислам дека нема да подлегнеме и ќе ја добиеме битката со Морнар.

Според Самарџиев, во евентуалната битка за трофејот в недела, Фени ќе ги одмери силите со актуелниот шампион во БИБЛ, Левски. Станува збор за на хартија поквалитетен противник, но ривал против кој на свој терен и пред своите навивачи Фени е најмалку рамноправен. А, кога на тоа ќе се додаде и огромниот мотив за докажување, тогаш се е можно, убеден е кормиларот Рајковиќ.

„Левски има три пати поголем буџет од нас и многу посилна играчка екипа, но јас секогаш сум верувал во својата екипа и верувам и овој пат дека ќе успееме да освоиме еден интернационален медал“, вели Емил Рајковиќ.

Тој се надева дека и во третата сезона од Балканската лига, победничкиот пехар ќе го освои клубот организатор на завршниот турнир.
XS
SM
MD
LG