Достапни линкови

Децата во училиштата не се безбедни, сметаат од „Меѓаши“


Во врска со последните случаи на насилства во повеќе училишта изминатите месеци и со смртта на средношколецот Мухамед Али Јашари, Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ денеска изрази загриженост за недоволната безбедност и сигурност на децата во училиштата. „Дали конечно Министерството за образование и наука ќе сфати дека воведувањето активности за ненасилно разрешување конфликти и мировно образование во сите сегменти од образованието може во голема мера да помогне во превенција на насилството“, се вели во соопштението на „Меѓаши“. Од невладината организација информираат дека речиси секојдневно се случува насилство во некое од училиштата, а децата и родителите се плашат. „Се воведуваат служби за обезбедување, а не се работи на превенција од насилство, односно ненасилна разработка на конфликтите. Децата во училиштата не се безбедни. Ниту пак органите за безбедност ја гарантираат целосно безбедноста на децата“ информира „Меѓаши“.
XS
SM
MD
LG