Достапни линкови

Епидемијата на мали сипаници го наметна прашањето за квалитетот и обемноста на вакцинацијата во Македонија.

Главна причина за појавата на мали сипаници е невакцинираноста. Ова е објаснувањето на лекарите по прогласувањето на епидемија. Постојат повеќе фактори зашто се намали вакцинирањето. Некои деца не се вакцинирани зашто имале настинки во детството кога требаала да ја примат вакцината или во некои селски средини службите не стигнале да вакцинираат. Но, има и многу родители кои не ги вакцинарале децата поради контроверзните информации кои се појавуваат во врска со нивниот квалитет. Исто така може луѓето да биле вакцинирани, но да се разболат.

Може да биде како резултат на невакцинирање, неквалитетни вакцини... но тоа ќе се покаже врз основа на истражувањата што ќе се направат, меѓутоа она што сметам дека се појавува како подолгорочен проблем е тоа дека генерално кај нас почнуваат да се јавуваат проблеми со вакцини.
Владимир Лазаревик од Регионалното собрание на Светската здравствена организација вели дека ние имаме системски проблем со вакцините во последниов период, а дека овој случај само го покажува тоа:

„Може да биде како резултат на невакцинирање, неквалитетни вакцини... но тоа ќе се покаже врз основа на истражувањата што ќе се направат, меѓутоа она што сметам дека се појавува како подолгорочен проблем е тоа дека генерално кај нас почнуваат да се јавуваат проблеми со вакцини, има некои податоци дека 95% од населението е вакцинирано, но мислам дека тој податок не е точен.“

Тој потсетува дека и минатата година имаше епидемија на заушки, а тогаш се покажа дека во 90-тите години цела една генерација не била опфатена со вакцината, зашто тогаш државата немала пари да ја набави. За оние што сега нема да се одзват на вакцинацијата, Министерството најави дека ќе спроведе санкции.


Микробиологот Никола Пановски вели дека заради разни, како што оценува шпекулации во јавноста, доста родители, дури и во интелектуалните средини, не ги вакцинирале децата, но тоа според него е погрешно:

„Почнаа некои од родителите да велат дека се штетни, па читаат на интернет... во секое одделение ќе најдете деца чии родители не ги вакцинирале и тука одговорноста на државата треба да ги казнува, да има драстични казни.“

Инаку од потребните 200 тима за вакцинирање, во државата има само 136. Министерството, освен епидмилозите ќе има право да ги вклучи и другите здравствени работници и тоа од матичните лекари. На овој начин,
Во секое одделение ќе најдете деца чии родители не ги вакцинирале и тука одговорноста на државата треба да ги казнува, да има драстични казни.
Комисијата за заразни болести очекува да се подобри слабиот опфат на вакцинирани лица што беше една од причините за ширење на заразата.

Лазаревик, пак, потсетува дека, кога се спроведуваа реформи, имало идеја вакцинацијата да им се даде на матичните лекари, но тогаш преовладало мислењето да остане во рамки на здравствените домови. Како последица на ова тој смета дека сега нема доволно тимови:

„Министерството нема никаква причина да не го децентрализира процесот на вакцинација, наместо да ги зголемува трошоците на населението, преку вработување на нови и нови тимови.“

Со прогласувањето епидемија ќе се вакцинираат сите од 6 месеци до 40 години во целата држава, а не само во градовите каде имаше зголемен број заболени.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG