Достапни линкови

Ердоган ја прозва Франција за непочитување на верските слободи


Реџеп Таип Ердоган

Реџеп Таип Ердоган

Tурскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган во денешното обраќање пред Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур ја обвини Франција за непочитување на верските слободи, поради забраната за носење на бурки што стапи во сила пред два дена. „Денес во Франција не постои почитување на индивидуалното право за слобода на вероисповеста“ изјави Ердоган, како одговор на прашање на фински пратеник, кој го критикуваше турскиот изборен систем. - Тие кои сакаат да ја судат Турција, нека се погледнат прво самите себе си, додаде турскиот премиер. Франција забрани носење превези кои го покриваатлоцето во јавност. Казната за непочитување на забраната е парична глоба во висина од 150 евра.
XS
SM
MD
LG