Достапни линкови

Кипар бара ЕУ да ја „притисне“ Турција


Херман Ван Ромпуј

Херман Ван Ромпуј

Кипар ја повика Европската унија да изврши притисок врз Турција да го промени својот став со цел да биде постигнат напредок на преговорите водени под покровителство на Обединетите нации за решавање на проблемот на островот.
„Неприфатливо е да бидат наметнати рокови, распоред и арбитража на преговарачкиот процес за постигнување на решение на кипарското прашање“, изјави кипарскиот претседател Димитрис Христофиас, по средбата со претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј. Ромпуј изјави дека ЕУ продолжува целосно да ги поддржува напорите под покровителство на ОН за постигнување на што е можно побрзо решение на кипарскиот пробелем, додавајќи дека ги охрабрува лидерите на двете заедници да работат во дух на компримис со цел да биде постигнато приближување на позициите на двете страни на преостанатите теми.
XS
SM
MD
LG