Достапни линкови

Почна првиот состанок за Либија во Катар


Меѓународната контакт група за Либија започна со првиот состанок во Доха, под претседателство на земјите – организатори на средбата, Катар и Британија. Меѓу претставниците на 40 земји е и првиот човек на Обединетите нации Бан Ки Мун. Се очекува пред присутните да се обратат претставници на бунтовничкото движење во Либија кои се борат против 40 годишното владеење на лидерот Муамар Гадафи. По средбата ќе се „засили“ притисокот врз Гадафи, изјави секретарот за надворешни работи на Обединетото кралство Вилјам Хејг, кој апелираше за усвојување на регионални финансиски механизми за подршка на бунтовничкото движење.
XS
SM
MD
LG