Достапни линкови

Македонија падна две места на најновата ФИФА ранг листа


Фудбалската репрезентација на Македонија на најновата ранг-листа на Светската фудбалска асоцијација - ФИФА, објавена денеска падна две места во однос на претходното рангирање и сега се наоѓа на 85. место со вкупно 398 бодови или два помалку од месец март. Од противниците на Македонија во квалификациската група за ЕУРО 2012, Русија е најдобропласирана на 18.место, Словачка е 27-ма, Република Ирска е на 34.место, Ерменија е 62-ра, а Андора е на 202.место.На првите десет позици се наоѓаат: Шпанија, Холандија, Бразил, Германија, Аргентина, Англија, Уругвај, Португалија, Италија и Хрватска. Следното рангирање ФИФА ќе го изврши на 18 мај.
XS
SM
MD
LG