Достапни линкови

Осомничените за нападот во белоруското метро признале


Приведените осомничени за нападот во метрото во Минск го признале злоделото, изјави денеска белорускиот претседател Александар Лукашенко. Во телевизиско интервју лидерот додаде дека политичари од опозицијата треба да се испрашуваат за бомбардирањето во кое загинаа 12 лица а 200 се повредени. Обвинителството го прогласи инцидентот за терористички напад а според претседателот, станува збор за обид за дестабилизација на земјата. Претходно, обвинителството соопшти дека полицијата уапсила млад човек осомничен дека ја поставил бомбата на метро станицата.
XS
SM
MD
LG