Достапни линкови

Камерон и Саркози ќе разговараат за Либија во Париз


Николас Саркози (лево) и Дејвид Камерон

Николас Саркози (лево) и Дејвид Камерон

Британскиот премиер Дејвид Камерон ќе отпатува за Париз на средба со францускиот претседател Николас Саркози. Двајцата лидери би требало да разговараат за ситуацијата во Либија, каде НАТО ги диригира воздушните напади со кои треба да се заштитат цивилите од вооружените лојалисти на лидерот Муамар Гадафи. Саркози и Камерон на работната вечера ќе бидат придружувани од министрите за одбрана на Британија и Франција. По средбата, двајцата ќе заминат на состанок во Доха, Катар, каде претставници на 40 нации и меѓународни организации ќе дискутираат за ситуацијата во северноафриканската земја.
XS
SM
MD
LG