Достапни линкови

Вработувањето по партиска основа мора да се „одработи“ со лојалност - да се донесат што повеќе гласови на изборите, се жалат вработени во јавната администрацијата.

Со или без партиска книшка, вработените во јавната администрација треба да донесат најмалку 15 гласови на изборите, велат луѓето кои се вработени на определено време кои од разбирливи причини не сакаат да зборуваат пред микрофон. Тазе вработени во администрацијата, на неколку пати до сега, за време на работни часови се појавуваа на прес-конференции за да исполнат партиска задача, како што е на пример промоција на владин прокет или првоаприлски политички препукувања. Јавна тајна е дека администацијата е главното оружје на сите политички партии, кои до сега биле на власт, велат експертите.

Претседателот на Синдикатот на управа и правосудството Пеце Груевски вели дека по секои избори и промена на власта, правната служба на синдикатот има полни раце работа со луѓе кои се жалат на партиски реваншизам, деградирање или отуштање од работа. Стравот кај вработените од ова е оправадан ако се земе предвид дека во последните 20 години администрацијата се полни со партиски војници.
Кога го говорам ова сметам на една поголема солидарност и масовност бидејќи ако денеска му се случи на мојот колега морам да бидам подготвен дека тоа и мене ќе ми се случи наредниот ден или наредниот
мандат.
Груевски вели дека вработените може да се заштита од предизборни притисоци само доколку го кренат гласот против овие појави.

„Кога го говорам ова сметам на една поголема солидарност и масовност бидејќи ако денеска му се случи на мојот колега морам да бидам подготвен дека тоа и мене ќе ми се случи наредниот ден или наредниот мандат. Се додека го имаме стравот и додека тој ни е всаден во коските, тоа е добар простор за политичките партии да манипулираат, не само пред изборите, туку и за време на мандатот и да владеат со нив.“

И болниците подложни на предизборна „зараза“

Професор Борче Давитковски вели дека администрацијата е најподложна на партиски притисоци затоа што јавниот сектор е преполнет со партиски војници од кои сега партиите ќе бараат лојалност и послушност. Дел од вработените во админстрацијата доброволно се вклучуваат во одработувањето на партиските задачи, а токму тоа е најстрашното смета Давитковски:

„Тоа доброволно го прават токму оние што се вработени од политиката и тие ќе ,,гризат“ бидејќи се свесни дека ако евентуално се смени политичката гарнитура, дека нивните места ќе висат, и тоа е најопасната работа. Мислам дека политичкиот фактор треба да има политичка волја едноставно веќе да се престане со таков начин на водење на власта, едноставно како бумеранг ќе им се врати.“
Тоа доброволно го прават токму оние што се вработени од политиката и тие ќе ,,гризаат“ бидејќи се свесни дека ако евентуално се смени политичката гарнитура, дека нивните места ќе висат, и тоа е најопасната работа.

Политичарите ја злоупотребуваат лошата состојба на граѓаните кои работат во адмнистрацијата без решение или евентуално се вработени без на место за кое немаат соодветни вештини и образование, велат експертите. Давитковски смета дека најлесен начин за решавње на егзитенцијалниот проблем е вработувањето во јавната адмнистрација, а токму тоа ги прави нив подложни на партиски предизборни притисоци.

„Имаме економска криза и најдобар начин на вработување е токму во јавниот сектор, мала плата, ама сигурна плата, едноставно секој граѓанин барајќи „чаре“ како да излезе од оваа криза, зема партиска книшка и се вработува во јавниот сектор. Тоа е така во изминативе 20 години, така го изградивме системот и тој систем едноставно ќе не изеде, едноставно ќе пропаднеме заради тој начин на аплицирање на власта.“

Тој додава дека на вработените им останува само да не подлегнуваат на предизборните притисоци.

Наскоро ќе започне и преоктот на ОБСЕ и Народниот правобранител за отварање на бесплатна телефонска линија каде што граѓаните ќе можат да пријават евентуални притисоци, закани или вознемирување од партиски активисти за време на изборите.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG