Достапни линкови

logo-print

Претседателот Иванов на Евроазиски економски форум во Истанбул


Министерот за надворешни работи на Турција Ахмет Давутоглу и македонскиот претседател Ѓорге Иванов на средба во Скопје

Министерот за надворешни работи на Турција Ахмет Давутоглу и македонскиот претседател Ѓорге Иванов на средба во Скопје

Македонска делегација предводена од претседателот Ѓорге Иванов денеска и утре ќе учествува на 14 Евроазиски економски форум во организација на Мармара фондацијата што се одржува во Истанбул. Иванов, кој во Турција е придружуван од сопругата Маја, денеска ќе има поздравно обраќање на Самитот. Теми на собирот се борбата против глобалниот тероризам, енергетиката, турската индустрија и бизнис, Евроазија 20 години подоцна односно добивки и загуби во последните 20 години, сесија во која е предвидено да има обраќање претседателот Иванов. Во рамките на Форумот ќе се одржи и Женски бизнис форум на кој, меѓу другите, обраќање ќе има и сопругата на македонскиот претседател Маја Иванова.
XS
SM
MD
LG