Достапни линкови

Мубарак во болница, неговите синови во затвор


Двата сина на Хосни Мубарак, Ала и Гамал

Двата сина на Хосни Мубарак, Ала и Гамал

Египетската државна телевизија објави дека два сина на поранешниот претседател Хосни Мубарак синоќа биле уапсени и им бил одреден 15 дневен притвор под обвинување за корупција и злоупотреба на власта. 82 годишниот Хосни Мубарак кој вчера беше изведен пред истражен судија со слични обвинувања, во текот на испитувањето доживеа срцев удар и беше префрлен во болница во Шарм ел Шеик каде што е во домашен притвор од 11 февруари кога беше симнат од власт. Неговата здравствена состојба, според докторите, била главно добра. Пред зградата каде што се приведени синовите на Мубарак се собрале над две илјади демонстранти.
XS
SM
MD
LG