Достапни линкови

Финансиска помош од ЕУ за Брегот на Слоновата Коска


Европската Комисија ќе издвои 180 милиони евра помош за обнова на Брегот на Слоновата Коска, која е уништена од судирите меѓу силите на Лорен Гбагбо и Аласан Уатара, соопштија дипломатски извори. Според нив, парите од Европскиот фонд за развој ќе бидат ставени на располагање веднаш.
Во меѓувреме, Франција најави дека во наредните денови за оваа земја ќе даде финансиска поддршка од 400 милиони евра, наменети за итните потреби на населението и на главниот град Абиџан.
XS
SM
MD
LG