Достапни линкови

logo-print

Времето променливо со дожд, грмежи и силен ветер


Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локална појава на грмежи и засилен ветер. Врнежите наместа ќе бидат поинтензивни и наместа се очекува да наврнат и до 20 литри на квадратен метар. Утринската температура се движи од два до осум, а дневната ќе биде од 13 до 19 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Утринската температура се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 15 степени.
Кон крајот на денот поради продор на студена воздушна маса од север ќе има нагло опаѓање на температурата, а во северните делови на планините и на некои повисоки места ќе има врнежи од снег.
Од петок следува период на променливо облачно и посвежо време со локални врнежи од дожд.
XS
SM
MD
LG