Достапни линкови

Обука за судиите


Во Струга преку програмата „ОПДАТ“ на Министерството за правда на САД се спроведува обука на македонски судии
Во Струга преку програмата „ОПДАТ“ на Министерството за правда на САД се спроведува обука на македонски судии

Американски инструктори ги обучуваат македонските судии за подобра примена на новиот закон за кривична постапка.

Американските инструктори од Националниот институт за вештини за судење на специјална обука во Струга преку програмата „ОПДАТ“ на Министерството за правда на САД, нашите судии, обвинители, адвокатите и полицијата, ги обучуваат за подобра примена на новиот закон за кривична постапка, пренесувајќи им ги американските искуства во
Голема помош во тоа ни дава Американската амбасада, со обезбедување на нивни тренери, со оглед дека голем број решенија од нивниот систем ги прифативме во новиот систем на кривичната постапка. Фокусот е ставен на зајакнување на улогата на јавниот обвинител, кој ќе ја води истрагата.
водењето на процесот во судските случаи.

„Законот за кривична постапка има вакацио легис две години од денот на стапувањето во сила. Голема помош во тоа ни дава Американската амбасада, со обезбедување на нивни тренери, со оглед дека голем број решенија од нивниот систем ги прифативме во новиот систем на кривичната постапка. Фокусот е ставен на зајакнување на улогата на јавниот обвинител, кој ќе ја води истрагата, се напушта системот на истражниот судија, се зајакнува принципот на еднаквост на оружјето со зголемување на правата на одбраната и во текот на судењето воведувањето на систем на изведување и презентирање на докази од страна на странките, а многу малку од страна на судот, и нормално воведување на директното, вкрстеното испрашување како методи кои што се во суштината на овој систем“, вели Анета Арнаудова, директор на академијата за судии и јавни обвинители.

Тие, со Американската амбасада во Македонија ќе организираат серија обуки за обучувачи за водењето на кривичната постапка кај нас според новиот закон и новиот вид вештини, кои, како што велат aмериканските експерти, се многу слични на оние што нашите граѓани ги гледаат на aмериканските филмови.

„Тоа се воведните зборови на почетокот од јавната расправа, директното
Во секоја држава и во секој правен систем постојат начини со кои може да се влијае на постапките. Но, една од главите цели на секој закон за кривична постапка е да го направи и оспособи самиот кривично-правен систем да биде што е можно повеќе фер.
испрашување на сведокот, вкрстеното испрашување на сведок предложен од другата страна и завршните зборови кои двете странки ги имаат на самиот финиш од јавната расправа, каде ги презентираат доказите што треба да се земат предвид“, објаснува Џими Ворен, постојан правен советник во амбасадата на САД во Македонија.

На прашањето дали има политички притисоци и влијанија на власта во практикувањето на правото и законите во судството таа вели:

„Во секоја држава и во секој правен систем постојат начини со кои може да се влијае на постапките. Но, една од главите цели на секој закон за кривична постапка е да го направи и оспособи самиот кривично-правен систем да биде што е можно повеќе фер, а ние длабоко сме уверени дека новиот закон за кривична постапка кој е донесен, навистина многу позитивно ќе влијае во однос на довивање на фер судски постапки.“

За мерката притвор, Ворен објаснува дека американското законодавство слично како кај нас ја применува кога постојат услови за бегство на осомничениот, тој да ги уништи или да влијае на доказите и да го повтори делото, но се одредуваат и алтернативни мерки за обезбедување како ослободување со гаранција или куќен притвор, за што во САД постои многу напреден мониторинг, што го спроведуваат илјадници луѓе, преку следење на притворениците дома со електронски огрлици и други инструменти.

Останува да се види што ќе научат нашите судии и обвинители познати по спроведување на кривичните постапки и носењето одлуки во актуелните крупни случаи што ја тресат македонската полициска, судска и политичка сцена денес и како ќе ги споведат странските искуства во практиката, посебно кога се знае дека најголемите забелешки од ЕУ и Стејт департментот се однесуваат на реформите во судството, неговата независноста и ефикасност како услов за евроатланските интеграции на земјава.
XS
SM
MD
LG