Достапни линкови

logo-print

Идентификуван првоосомничениот за бомбардирањето во белоруското метро


Луѓе положуваат цвеќе крај влезот на метро станицата на која експлодираше бомбата. Локацијата на која загинаа 12 лица не е далеку од резиденцијата на претседателот на Белорусија

Луѓе положуваат цвеќе крај влезот на метро станицата на која експлодираше бомбата. Локацијата на која загинаа 12 лица не е далеку од резиденцијата на претседателот на Белорусија

Белоруското КГБ соопшти дека го идентификувале главниот осомничен за бомбардирањето на метрото во Минск при кое загинаа 12 лица. Според шефот на безбедносната организација Вадим Заитсев, станува збор за 27 годишен маж кој е „добро граден, не е од словенско потекло“ и за време на нападот бил облечен во кафен мантил и волнена капа. Заитев потврди дека тројца осомничени се во притвор, но првоосомничениот е се уште во бегство. Од Министерството за внатрешни работи, пак, соопштија дека експлозивната направа била импровизирана бомба.
XS
SM
MD
LG