Достапни линкови

Истрели кон канцеларијата на ЕУ во Авганистан


Вигаудас Усацкас

Вигаудас Усацкас

Непознати сторители стрелале кон канцеларијата на специјалниот претсавник на Европската унија во Авганистан. Нема повредени во инцидентот. За сега не се знае дали станува збор за планиран напад на објектот, дел од максимално обезбеден комплекс во Кабул. Се смета дека истрелите одекнале во моментот кога претставникот на ЕУ во земјата Вигаудас Усацкас влегувал во зградата. Усакас е поранешен министер за надворешни работи на Литванија а сегашната функција ја доби лани.
XS
SM
MD
LG