Достапни линкови

logo-print

Грција повлече 1,62 милијарди евра од стопанството


Грција успеа да добие 1,62 милијарди евра од продажбата на краткорочни обврзници на финансиските пазари со камата што беше малку повисока во однос на каматата во претходното, мартовско, тргување, пренесоа американските медиуми. На денешното тргување државните обврзници со 26-неделен рок за враќање каматата беше 4,8 проценти во однос на 4,75 проценти на тргувањето во март, соопшти Државната агенција за управување со долгот. Првично агенцијата се надеваше дека на наддавањето ќе добие 1,25 милијарди евра, но успеа да зафати повеќе средства од пазарите на капиталот, бидејќи интересот на инвеститорите беше посилен и го надмина предложеното за 3,81 пати.
XS
SM
MD
LG