Достапни линкови

Божидар Ѓелиќ именуван за шеф на тимот за евроинтеграции на Србија


Српскиот премиер Мирко Цветковиќ го назначи вицепремиерот за евроинтеграции Божидар Ѓелиќ за шеф на преговарачкиот тим во процесот за интеграција на Србија во ЕУ и му наложи да се придржува кон Планот за добивање кандидатски статус за членство во Унијата, соопшти денеска Владата во Белград. Освен досегашните обврски во процесот за евроитеграција Ѓелиќ доби и овластувања да ги насочува и координира инвестициите во научната и технолошката инфраструктура , како и да ги води преговорите за членство на Србија во Европската организација за нуклеарни истражувања.
XS
SM
MD
LG