Достапни линкови

Епидемија на мали сипаници во Македонија


Министерството за здравство попладнево прогласи епидемија на мали сипаници - морбили. Досега се регистрирани 678 случаи заболени од ова високо преносливо вирусно заболување или територијално две третини од Македонија каде живее 50 отсто од населението, што е причина за прогласување вонредна состојба. Министерот за здравство Бујар Османи на денешната прес-конференција изјави дека донесен е заклучок да се вакцинираат сите лица од шест месеци до 40 години кои досега не ја примиле вакцината против мали сипаници, особено најранливата група на деца до пет години. Тој најави дека вонредно ќе бидат вклучени сите човечки и материјални фактори, за заболените и за сомнителните случаи ќе бидат пуштени посебни влезови во болниците и ќе биде ограничена посетата на болните од морбили.
XS
SM
MD
LG