Достапни линкови

logo-print

Македонија и Косово ќе потпишат преоден договор за осигурување


Потпишување преоден договор за социјално и пензиско осигурување согласно кој Македонците кои работеле на Косово и косовските граѓани кои работеле во Македонија ќе можат да остварат право на пензија, договориле на денешната средба министрите за труд и социјална политика на Македонија и Косово Џељаљ Бајрами и Ненад Рашиќ. Околу 2.000 македонски државјани кои во минатото работеле на Косово и околу 800 граѓани од Косово кои работеле во Македонија и не можеле да остварат социјално и пензиско осигурување, сега со потпишување на преодниот договор меѓу Македонија и Косово ќе го остварат своето право. Договорот за социјално и пензиско осигурување меѓу двете држави треба да се потпише на 27 април во Приштина.
XS
SM
MD
LG