Достапни линкови

logo-print

Либијскиот министер за надворешни работи ја напушти Британија


Муса Куса

Муса Куса

Либијскиот министер за надворешни работи Муса Куса ја напушти Британија денеска и е на пат кон Катар на разговори со претставници на меѓународна контакт група за Либија. Куса се спротистсви на режимот на лидерот Муамар Гадафи и ја напушти северноафриканската земја минатиот месец. Состојбата во Либија би требало да биде прва точка на денешниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија. Франција и Британија пред средбата забележаа дека НАТО не се труди доволно за да ги заштити либијските цивили од нападите на лојалистите на Гадафи. „НАТО сакаше да ги води операциите и ние го прифатвме тоа. Сега мора да ја извршува својата улога, што значи дека мора да ги спречи силите на гадафи кои употребуваат тешка артилерија за напади на населението“ изјави францускиот министер за надворешни работи Алан Жупе.
XS
SM
MD
LG