Достапни линкови

ЕУ подготвува нови санкции за Иран


Вилјам Хејг

Вилјам Хејг

Европската унија подготвува за нови санкции против 32 ирански службеници, обвинети за прекршување на човековите права. Британскиот секретар за надворешни работи Вилјам Хејг изјави дека неговите колеги од земјите членки на Унијата во Луксембург ќе се согласат за укинување на правото на визи за служебјиците како и замрзнување на нивниот капитал. „Се согласивме за санкциите поради лошата состојба со човековите права во земјата. Иран се чини верува дека, покрај сите немири во блискиот исток, може да се извлече дури и со најголемото влошување на човековите права во земјата“ рече британскиот секретар. Меѓу оние кои ќе бидат казнети се високорангирани полициски службеници, обвинители, судии и лица со силни врски со иранската Револуционерна гарда, потврдија за Радио Слободна Европа дипломати од Европската унија.
XS
SM
MD
LG