Достапни линкови

Борис Кондарко избран за претседател на ДИК


Борис Кондарко

Борис Кондарко

Собранието на Република Македонија денеска на продолжението од 143 седница со 80 гласа за и ниту еден против и воздржан, го избра Борис Кондарко за претседател на Државната изборна комисија. Кондарко е кандидат на опозициската СДСМ, чии пратеници не присуствуваа на денешната седница. На 14 април се очекува распуштање на собранието, по што би требало да се распишат предвремени парламентарни избори, а гласањето ќе се одржи на 5 јуни.
XS
SM
MD
LG