Достапни линкови

Скапи избори - скапа дијаспора


Според пресметките на ДИК, од 700 илјади до еден милион евра ќе чини гласањето на дијаспората

Според пресметките на ДИК, од 700 илјади до еден милион евра ќе чини гласањето на дијаспората

Политичка на сметка на економската оправданост. Во услови на економска криза ќе се потрошат многу пари за да се овозможи гласање на дијаспората.

Изборите поскапеа. Државната изборна комисија најверојатно ќе побара најмалку 5 милиони евра од буџетот за спроведување на изборниот процес. Само за спроведувањето на изборниот процес за иселениците на Македонија, по груби проценки на комисијата, ќе се потрошат од 700 илјади до еден милион евра. Потпретседателот на комисијата Субхи Јакупи вели дека со
На испраќање на избирачките одбори, а тоа се по десетмина, значи бројката е близу 500-тини лица кои ќе бидат испратени во тие дипломатско конзуларни претставништа и кои после тоа ќе бидат вратени, а тоа чини и според наша проценка тоа може да биде околу 700-тини илјади
евра.
новите измени во изборниот законик ќе пораснат и трошоците на Државната изборна комисија за изборниот процес, односно ќе бидат потребни повеќе пари за испраќање на гласачките ливчиња во земјите каде што живеат иселениците, повеќе пари за јавните повици за ислениците кои ќе бидат објавени во најтиражните дневни весници.

„На испраќање на избирачките одбори, а тоа се по десетмина, значи бројката е близу 500-тини лица кои ќе бидат испратени во тие дипломатско конзуларни претставништа и кои после тоа ќе бидат вратени, а тоа чини и според наша проценка тоа може да биде околу 700-тини илјади евра, според наши пресметка.“

Но тоа не е се. Со последните измени во законот за пратеници, на пратениците кои ќе ја претствуваат дијаспората во Собранието по изборите ќе им следува службен стан и надоместок за патните трошоци за да можат 6 пати во годината да ги посетуваат своите гласачи, односно да одат до земјата од која се избрани. Колку пари од буџетот ќе бидат издвојувани за тоа се уште нема официјални податоци во службите на Собранието.

Во услови на економска криза да се размисли за оправданоста

Но, доколку се земе предвид дека еден повратен авински билет за која било земја во Европа во просек чини 300 евра, а за подалечните дестинации како САД или Канада чини над 700 евра, или за Австралија и над 1300 евра тогаш ќе се дојде до заклучок дека од буџетот за надоместоци за пратениците ќе се одлеат над 55 илјади евра. На сето ова треба да се додаде и нивната кирија за становите и нивната плата, пратениците од дијаспората ќе бидат скапа инвестиција.
Влегуваме во сериозни трошоци, имаме слаба економија и без тоа издвојуваме средства и за нашите активности овде во врска со изборите, се задолжуваме енормно и од економски аспект навистина мислам дека е излишно.

Професор Осман Кадриу вели дека е потребно да се направи анализа за оправданоста на ваквата инвестиција во политиката и да се види колку државата може да си ги дозволи тие трошоци.

„Влегуваме во сериозни трошоци, имаме слаба економија и без тоа издвојуваме средства и за нашите активности овде во врска со изборите, се задолжуваме енормно и од економски аспект навистина мислам дека е излишно, енормно скапо и би требало да размислиме дали е оправдано.“

Тој додава дека од политички аспект е оправдана, но не очекува некаква промена или влијание на пратениците од дијаспората во политичките системи.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG