Достапни линкови

Избран претседател на ДИК


Собрание на РМ
Собрание на РМ

Пратениците денеска го избраа Борис Кондарко за претседател на ДИК. Подготовките за избори се при крај со што се отвара патот за распуштање на Собранието.

Со 80 гласа за и ниту еден против и воздржан Собарнието на продолжението на 143-та седница го избра Борис Кондарко за претседател на Државната изборна комисија. Со ова и синоќешното гласање на измените на изборниот законик се создаваат услови за распуштање на Собранието што е најавено за 14-ти април. За функцијата претседател на ДИК опозициската СДСМ го предложи Борис Кондарко. Социјадемократите веќе се изјаснија дека нема да присуствуваат на седницата како и на наредната на 14-ти. Спикерот Велјановски пак апелираше сите пратеници да дојдат на гласање за претседателот на ДИК или пак во четврток кога ќе се разговара за распуштање на парламентот. И од останатите партии од опозицискиот блок не присуствува на денешната седница:

„Затоа што имаме донесено таква политичка одлука да ги бојкотираме седниците на собранието, па согласно тоа ќе ја бојкотираме и оваа седница“, изјави Горан Мисовски од НСДП.


Во Собранието, од опозицијата ќе присуствува ЛДП, а и ДПА најави дека ќе се појави во Парламентот. Претходно, овие две партии како претставници на опозицијата учествуваа во расправата за измените на изборниот законик, но не и на гласањето.

Сето ова што се случува во предизборието создава впечаток дека намерно се создава атмосфера за проблематични избори. Изборните правила кои беа дел од партиските преговори меѓу двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, пратениците на власта сами ги донесоа. СДСМ вчера го обвинија ВМРО-ДПМНЕ за масовна партизација во образованието, а ВМРО-ДПМНЕ реагиареше дека тоа е монтажа.

Тахир Хани од ДУИ вели дека одговорност за создавање услови за фер и демократски избори имаат подеднакво и власта и опозицијата:
Во отусуство на најголемата опозициона партија исклучиво во присуство на ЛДП која што гласа против, неможе да говориме дека не се остава сомнеж дека изборите ќе бидат фер и демократски.

„Имавме некои проблематични прашања како што е прочистување на избирачкиот список. Овде во Парламентот се формира една комисија која не проработи, не се конституира поради тоа што претседател на таа комисија беше Цветанка Иванова од СДСМ.“

Роза Топузова Каревска од ЛДП повтори дека со самиот факт што првпат се донесени изборни правила без поширок консензус се праќа лоша порака:

„Во отусуство на најголемата опозициона партија, исклучиво во присуство на ЛДП која што гласа против, не може да говориме дека не се остава сомнеж дека изборите ќе бидат фер и демократски.“

Имајќи предвид дека не постоеше политички дијалог како резултат на кој што се оди на избори, сепак тие како владејачки партии ја носат целосната одговорност, вели Ариајнит Хоџа од Нова демокртија:

„Сега апсолутно целата одговорност за гарантирање на фер и демократски избори е на власта.“

Денеска, освен за избор на претседател на ДИК, треба да се гласа и за уште неколку закони за кои е потребно двотретинско мнозинство. Меѓу нив е и амандманот на Уставот за екстрадиција на граѓаните со двојно државјанство
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG