Достапни линкови

Жупе - НАТО не ги штити доволно цивилите во Либија


Алан Жупе

Алан Жупе

Францускиот министер за надворешни работи Алан Жупе изјави дека НАТО не прави доволно за да ги заштити цивилите во Либија од нападите на силите на Моамер Гадафи.
Тој ова го изјави за француското радио пред средбата на министрите за надворешни работи на членките на Алијанста во Брисел во четврток и петок на чиј дневен ред е Либија.
И покрај воздушните напади на НАТО, владините сили успеаја да ги потиснат бунтовниците. Тие пак вчера го отфрлија планот на Африканската Унија за мир доколку Гадафи не ја напушти власта.
XS
SM
MD
LG