Достапни линкови

ЕУ ќе заседава за кризата во Либија


Министрите за наворешни работи на земјите членки на Европската Унија денеска започнуваат дводневно заседавање на кое ќе разговараат за прашања од надворешната политика и за кризата во Либија и другите арапски земји. На дневен ред нема да се најдат земјите од Западен Балкан. Се очекува во среда членките на европската унија да донесат и заклучоци за Дунавската стратегија, односно стратегија за развој на земјите кои се наоѓаат по течението на реката Дунав, за нивните инфраструктурни проекти и проекти за сочувување на природата покрај најголемата река во Европа.
XS
SM
MD
LG