Достапни линкови

logo-print

Со полна пареа се носат закони пред распуштањето на Собранието


Собранието синоќа ги изгласа изманите и дополнувањата на Изборниот законик. Пратениците ги прифатија и измените на законот за пратениците, со кој се утврдува дека пратениците кои ќе решат да ја бојкотираат работата на собранието ќе земат надоместок во вредност од една третина од последната исплатена плата. Со овој Закон се регулираат и надоместоците кои треба да ги исплати Собранието за пратениците кои ќе ја претставуваат дијаспората. Ним им следува службен стан и во исто време шест пати во годината да им се исплаќа надоместок за патни трошоци за да можат да одат до изборната единица од каде што се избрани и да контактираат со своите гласачи. Во измените и дополнувањата на Изборниот закон по скратена постапка се содржани решенија согласно договорите на политичките партии за префрлување на Центар Жупа од шестата во петтата изборна единица и политичките партии да имаат ист број за сите изборни единици. Собранието в четврток се очекува да се распушти, а в петок да бидат распишани предвремените парламентарни избори.Претседателот на Собранието Трајко Вељановски најави за денеска одржување на три собраниски седници.
XS
SM
MD
LG