Достапни линкови

logo-print

Либијските бунтовници го одбија предлогот за примирје


Либијската опозиција денеска го одби предлогот на Африканската унија за прекин на огнот со лојалистите на лидерот Муамар Гадафи. Лидерот на бунтовниците Мустафа Абдул Јалил на прес конференција во Бенгази рече дека за опозиционерите не е прифатлив било кој друг предлог освен оставката на Гадафи. Изјавата на предводникот на анти владините борци следи по разговорите со претставници на Унијата, кои се обидуваат да договорат прекин на насилствата во северноафриканската земја. Генералниот секретар на НАТО, организацијата која ги диригира воздушните напади против силите на либијскиот лидер, рече дека до сега биле договорени многу прекини на огнот, од кои ниту еден не бил почитуван. „Било кој прекин мора да биде кредибилен и треба да се потврди. Како што Советот за безбедност јасно кажа, прекин на огнот би значел крај на сите напади и прекин на злоупотребата на цивили“ рече Расмусен.
XS
SM
MD
LG