Достапни линкови

Во Србија пуштена во работа првата електрана за еолска енергија


илустрација

илустрација

Првата електрана за еолска енергија во Србија со моќност од 600 киловати беше пуштена во работа во селото Лесково во општината Тутин, јави Танјуг. Во изградбата словенечко-српската фирма Хидро-винд вложи околу милион евра, а општината обезбеди земјиште. Во план се уште седум ветерници до крајот на годината. Општинските власти имаат потпишано договори со фирмата за изградба на 30 електрани за еолска енергија, но за реализација е потребно да се заврши реконструкција на електромрежата, за да може да биде прифатена сета произведена енергија.
XS
SM
MD
LG