Достапни линкови

Приведен првоосомничениот за убиството на средношколецот


СГУ Здравко Цветковски

СГУ Здравко Цветковски

Полицијата денеска го приведе првоосомничениот за убиството на Мухамед Јашари, ученик во средното градежно училиште „Здравко Цветковски“, потврдија во МВР. Шеснаесетгодишното момче се соочува со обвиненија за кривично дело „убиство“ а второосомничениот, 19-годишник кој беше приведен во саботата, ќе одговара за „насилство“. Малолетникот е приведен под сомнение дека во петокот на смрт го претепал матурантот Јашари од скопското село Кондово, кој настрада во обид да го одбрани својот соученик.
XS
SM
MD
LG