Достапни линкови

logo-print

Експлозија во метрото во Минск


Минск

Минск

Експлозија одекнала во главниот град на Белорусија, Минск. Очевидци потврдија дека виделе чад како излегува од подземното метро, додека спасувачки екипи изнесувале луѓе на носилки. За сега не се знае што ја предизвикало експлозијата, нити пак е познато дали и колкумина настрадале во настанот. Белоруските власти потврдија дека настанала експлозија. Руската новинска агенција РИА, повикувајки се на изјави на очевидци, јави дека десетмина биле повредени.
XS
SM
MD
LG