Достапни линкови

logo-print

Русија и Полска се договорија за споменикот во Смоленск


Димитриј Медведев (лево) и Борислав Коморовски

Димитриј Медведев (лево) и Борислав Коморовски

Русија и Полска ќе разговараат за нов натпис на обележјето на местото на авионската несреќа во Смоленск, Русија, во која загина претседателот Лех Качински заедно со уште 95 членови на неговата делегација. Тензии се создадоа во билатералните односи меѓу двете земји поради тоа што на веќе постоечкото обележје не било наведено дека Качински патувал на комеморативна церемонија за жртвите од масакрот во Катјин во 1940 година. Рускиот претседател Димитриј Медведев, по средбата со својот полски колега БориславКоморовски, рече дека специјална меѓународна група ќе го дизајнира спомен обележјето. Инаку, во масакрот во Катјин кон почетокот на Втората светска војна беа убиени 20,000 Поњаци. По масакрот во 1940 година, германските нацисти беа лажно обвинувани за убиствата, се` до 1990 година кога тогашниот Советски сојуз ја призна одговорноста.
XS
SM
MD
LG