Достапни линкови

logo-print

Воислав Зафировски избран за претседател на Антикорупциската комисија


Воислав Зафировски е избран за претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата на денешната прва конститутивна седница на новиот состав на Комисијата.„За мене изборот за претседател на Комисијата е голема чест, но уште поголема обврска. Република Македонија има заокружена правна рамка за работа на ДКСК, има своја автентична државна стратегија за спречување на корупцијата, државна програма која во добар дел е имплементирана, така што, нам како тим ни претстои напорна работа која бара целосна и искрена посветеност во справувањето со предизвиците“ рече денеска на прес-конференција Зафировски. Toj додаде дека кон корупцијата ќе постапуваат со нулта толеранција, неселективно, подеднакво за сите без дискриминација и без какви било предрасуди, почитувајќи го Уставот и законите на Република Македонија.
XS
SM
MD
LG