Достапни линкови

Мислам значи протестирам - се побунија студентите во Никшиќ


Студенти од Филозофскиот факултет во Никшиќ протестираат на кампусот, незадоволни од состојбата во државата и на Универзитетот во Подгорица. Мотото на протестот е „Мислам, значи, протестирам“. Студентите сметаат дека плаќаат висока школарина, платите на нивните родители се ниски и затоа им е тешко да го издржат финансискиот товар. Незадоволни се и од цената на превозот од Подгорица до Никшиќ. Студентите бараат постојани поправни колоквиуми според Болоњската декларација како и средба со премиерот Игор Лукшиќ и ректорот на Универзитетот Предраг Мирановиќ.
XS
SM
MD
LG