Достапни линкови

Унгарските власти изразија подршка за евроинтеграцијата на Македонија


Виктор Орбан

Виктор Орбан

Унгарија ќе направи се` што е во нејзина моќ за надминување на статус кво состојбата во евроинтеграцијата на Република Македонија, му порача унгарскиот премиер Виктор Орбан на македонскиот претседателот Ѓорге Иванов денеска во Будимпешта. Орбан на средбата со Иванов искажал целосна подготовеност и решеност Унгарија како земја-претседавач со Унијата да го држи на високо ниво прашањето за македонското ЕУ-интегрирање и на оваа тема да разговара со своите партнери во Унијата. Унгарската министерка за европски прашања Енико Ѓери, на средбата со вицепремиерот Васко Наумовски ја потврдила подршката, јавија медиумите.
XS
SM
MD
LG